Еден од највлијателни новинари на Балканот, Миломир Мариќ, веќе две и пол децении е во хармонична врска со писателката Весна Радусиновиќ.
Нивната љубовна приказна им одолева на сите искушенија на сегашноста, кои несомнено се многу, со оглед на тоа што и двајцата се јавни личности. Сепак, Весна не е единствената жена во животот на Мариќ која успеала да го освои неговото срце.
Некогаш новинарот бил заљубен во водителката Душка Јованиќ, пренесуваат медиумите.
Деталите за нивната романса не ѝ се познати на пошироката јавност, но евидентно е дека не издржаа, бидејќи Миломир ја запознал Весна, жената на неговиот живот. Едно време, поранешната девојка на Миломир Мариќ зборуваше за него со стравопочит.
– За Мариќ може да се оспорат многу работи, но секако не и интелигенција и народски кажано начитаноста – искрена беше Душка.
Да потсетиме, иако денес сите добро го познаваат водителот, неговата кариера беше долга и траеше со децении, а неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Миломир Мариќ од младоста.
Неговата колешка Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ во една прилика се потсетила како изгледале во 1993 година, кога заедно биле дел од редакцијата на магазинот „Duga“, каде Мариќ ја започнал својата кариера.
Тогаш имаше долга црна коса, што е подолга од фризурата што ја има денес.
Уште тогаш жените го обожаваа, а сите се плашеа од неговото остро перо во тогашниот весник „Dugа“. Во меѓувреме Мариќ доби неколку брчки на лицето, а косата му e малку седа.