Русата коса отсекогаш била симбол на сексапил и нежна заводливост на стариот Холивуд. Уште од времето на филмските диви како Брижит Бардо и Мерилин Монро, русокосите ги освојуваат срцата на гледачите ширум светот, создавајќи архетип на гламур и елеганција. Сепак, за разлика од минатите децении кога платинесто русата беше синоним за „femme fatale“, денешните трендови се враќаат на природниот изглед и посуптилните нијанси на златна, медена и пепелна руса.
Овие пет жени не само што пленат со својата убавина и харизма, туку и докажуваат дека русата коса сè уште зазема посебно место во светот на модата, филмот и уметноста, но повеќе природни тонови.
Марго Роби
Австралиската актерка со години се смета за една од најубавите жени во Холивуд. Нејзината природна руса коса, во комбинација со класични црти на лицето и шармантна насмевка, ја прават вистинска модерна икона на убавината. Од „Волкот од Волстрит“ до „Барби“, Марго покажа дека русокосите можат да бидат подеднакво моќни колку што се и заводливи.
Блејк Лајвли
Ѕвездата на „Озборувачка “ и една од нашите омилени дами на црвениот тепих, Блејк зрачи со самодоверба и природно гламурозен стил. Нејзината златно-руса коса и беспрекорна модна комбинација ја направија модел за милиони жени ширум светот.
Скарлет Јохансон
Иако експериментираше со различни нијанси на коса, Скарлет остави најголем впечаток како русокоса. Таа е една од најпочитуваните актерки на својата генерација, но и жена која на едноставен начин ги комбинира нежноста и сензуалноста. Нејзината руса коса, често стилизирана во ретро бранови, потсетува на стариот холивудски гламур.
Сидни Свини
Една од најбараните млади актерки денес, ѕвездата од серијата „Еуфорија“ , воодушевува со својот изглед каде и да се појави. Нејзината светла коса, нежните црти на лицето и истовремено ангелскиот и заводлив изглед ја издвојуваат меѓу најубавите русокоси денес. Сидни е доказ дека новата генерација на Холивуд носи свежина и поинаков поглед на убавината.
Џиџи и Хадид
Една од најпознатите модели денес, Гиџи е синоним за модерната русокоса. Нејзината коса, која се движи помеѓу ладна пепеласта и топла медена руса, совршено го надополнува нејзиниот препознатлив изглед. Со нејзиното појавување на модните ревии и насловните страници на списанијата, Џиџи покажува дека русокосите сè уште владеат со светот на модата.