Првата љубов на згодниот Португалец откако стана професионален фудбалер беше сестрата на неговиот соиграч
Португалскиот фудбалер со сегашна адреса во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, со години е во вонбрачна заедница со Георгина Родригез, со која има големо и среќно семејство.
Парот се уште го нема кажано судбоносното „да“, иако спортистот вели дека е можно тоа да се случи во иднина, но тоа не им пречи на нивниот идиличен живот.
Љубовниот живот на Роналдо со години ги заинтригира неговите обожаватели, а познато е дека пред да ја запознае Георгина Родригез, тој беше во врска со руската манекенка Ирина Шајк .
Тие дури поминаа пет години заедно пред дефинитивно да раскинат, а Португалецот беше поврзуван со уште многу познати девојки, како Ким Кардашијан и Парис Хилтон .
Сепак, првата девојка на Роналдо, не е светска ѕвезда.
Во прашање е Бразилката Џордан Жардел , сестра на поранешниот соиграч на фудбалерот во Спортинг Лисабон, Марио Жардел .
Таа беше првата со која Роналдо беше официјално во врска откако стана професионален фудбалер, уште во 2003 година.
Не се знае многу за нивната врска , а најверојатно раскинале набргу откако почнало да се пишува за нивната врска, па денес има малку фотографии од Џордана и Кристијан.
Јордана денес е модел , а сè уште живее во Лисабон. Таа е многу активна на Инстаграм, каде ја следат 14,9 милиони луѓе .
За нејзиниот приватен живот не се знае многу, но очигледно е дека и понатаму го сака фудбалот и фудбалерите, бидејќи неодамна сподели фотографија со познатиот Роналдињо.