Претседателскиот авион превезе во Анкара 16 бебиња без придружба од Кахраманмараш, кој е погоден од земјотресите.
Бебињата кои го преживеаа земјотресот превезени се вчера во главниот турски град Анкара со авионот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Бебињата по разорните земјотреси останаа без родители.
Претседателскиот авион превезе во Анкара 16 бебиња без придружба од Кахраманмараш, кој е погоден од земјотресите.
Бебињата по слетувањето на авионот на аеродромот Есенбога ги прифатија претставниците на Министерството за семејства и социјална заштита и ги префрлија во градската болница Етлик.
Се работи за 16 бебиња до година дена. Сѐ уште не е познат нивниот идентитет.