Чајот од една состојка ви помага да ги изгубите вишокот килограми, позитивно влијае на здравјето на срцето, полн е со антиоксиданси – зимски напиток кој има бројни здравствени придобивки!
Циметот е зачин кој најчесто го поврзуваме со слатки, топли сутлијаши, колачи, пити и кифлички, но овој вкусен и ароматичен зачин има и лековити својства. „Популарноста“ на циметот секогаш се зголемува во текот на зимата, бидејќи овој зачин со својот мирисен вкус може да ве загрее во студените денови.
Дознајте ги сите придобивки од консумирањето чај од цимет – ароматичен зимски напиток:
Го намалува нивото на шеќер во крвта – Циметот може да има ефекти слични на инсулин, па луѓето кои се изложени на ризик од дијабетес, покрај терапијата препорачана од лекарот, дополнително може да го контролираат нивото на шеќер со конзумирање чај од цимет.
Го регулира лошиот холестерол – Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање чај од цимет може да помогне да се намали нивото на лошиот холестерол, што пак може да помогне во заштитата на вашето срце.
Слабеење – циметот помага да се намали телесната тежина со тоа што создава чувство на ситост и ја намалува желбата за храна. Исто така, го забрзува метаболизмот и ни помага да согориме повеќе калории.
Богат е со антиоксиданси – циметот е полн со антиоксиданси кои пак не штитат од слободните радикали, се борат и спречуваат воспалителни процеси во организмот. Поради големото присуство на антиоксиданси, поволно делува и на процесот на детоксикација.
Помага во намалувањето на стомачните болки – Супстанцијата присутна во циметот наречена катехини може да помогне во ублажување на стомачни заболувања како што се дијареа, грчеви во стомакот, варење итн.
Се бори со вируси и бактерии – Циметот има антибактериски, антивирусни и антигабични својства кои помагаат да се спречи размножувањето на штетните бактерии, да се бори против вирусите и разните инфекции. Затоа можете да го пиете превентивно во сезоната на настинки и грип.
Ја подобрува меморијата – Многу истражувања покажуваат дека консумирањето цимет поволно влијае на функционирањето на мозокот и на когнитивните способности.
Ги ублажува менструалните грчеви – циметот, поради неговите својства против згрутчување, може да помогне во истенчување на менструалната крв. Ова за возврат ја олеснува менструалната болка предизвикана од прекумерно згрутчување. Може да обезбеди и ослободување од грчеви.
Позитивно влијае на здравјето на срцето – Ги релаксира крвните садови, го намалува крвниот притисок, го зголемува добриот HDL холестерол, промовира здрава циркулација на крвта и ги намалува триглицеридите во крвта.
Рецепт за чај од цимет
Во тенџере ставете две стапчиња цимет (по можност цејлон) и вода. Ставете го да се готви на силен оган додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете уште 15 минути. Отстранете ги стапчињата цимет и процедете го чајот од парчињата што можеби се излупени за време на готвењето. Послужете го топло, а можете да го засладите и со малку мед.