Прекрасниот швајцарски скијач Марко Одермат славеше на најтешката и најопасната патека на светот, спустот на својот матичен терен во Венген.
Одермат патеката Лауберхорн ја мина за 2 минути, 22 секунди и 58 стотинки, што беше за 37 стотинки подобро од неговиот сонародник Фрањо фон Алмен.
Најголема сензација направи Словенецот Миха Хробат кој го освои третото место. 29-годишниот заврши 57 стотинки зад победникот, а тоа беше само негов втор подиум во кариерата.
Одермат ја зголеми предноста во спустот над Фон Алмен на 82 поени, а во генералниот пласман пред Хенрик Кристоферсен на 292 поени.
Венген, за жал, уште еднаш го потврди статусот на најопасна патека бидејќи по тешките падови, Винсент Крихмајр и Блез Гизенданер беа пренесени на лекување во болница.