Кошаркарската репрезентација на Србија успеа да слави против Словенија со огромни 106:72, со што ги заокружи совршените подготовки за Евробаскетот, кој започнува за шест дена. „Орлите“ сега ги освоија сите победи, а момците на Светислав Пешиќ покажаа дека се најголем фаворит за златото.
Никола Јокиќ одигра многу солиден натпревар, како и целиот српски тим против Словенија, кој практично беше расклопен во преполната Арена. Пред очите на бројни кошаркарски фанови, како и луѓе од кошарката, момчињата во сини дресови буквално танцуваа.
Веднаш по натпреварот, Никола Јокиќ воодушеви.
Тој веднаш ја зеде ќерка си Огњена во раце, а потоа му се приближи на својот пријател Лука Дончиќ од НБА лигата.
Јокиќ дојде кај Лука со својата ќерка, разменија неколку зборови, пред секој да си тргне по својот пат. Исто така, во преден план беше малата Огњена, која се збогува со Лука.