Прекумерното растење на алгите, најголем проблем за Дојранското езеро

Нивото на водата во Дојранското Езеро полека се намалува поради тоа што со мали прекини речиси две години во езерото нема дотур на свежа вода од хидросистемот Ѓавото, но и поради испарувањата и неповолните хидролошки услови.

Сепак, за познавачите на состојбите итно мора да се преземат мерки со состојбата на водата што ја има езерото, бидејќи се загрозува живиот свет.

Доктор МАрко Наумовски, кој е доктор по општа медицина а се знаимава и со херпатологија, проучување на водоземците и влекачите, вели дека на Дојранското Езеро во моментов најголема закана му е еутрофикацијата, процес во кој се зголемуваат хранливите состојки и има прекумерно растење на алгите, при што водата позеленува.

Причина се испуштањето на хемиски материи од индуструски капацитети, детергенти и вештачки ѓубрива од земјоделството.

Освен еутрофикацијата, живиот свет во Дојранското Езеро преку лето е во опасност и поради големото затоплување на водата.

Езерото кое има просечна длабочина од околу седум метри во текот на големите жештини значително се загрева, што е уште една причина во најбрз рок да се пушти водата од хидросистемот Ѓавото.