Преку буџетски кредити ќе бидат изградени и реконструирани 30 училишни спортски сали

Владата, на денешната 74-та седница, ја одобри информацијата за обезбедување буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта.

Владината прес-служба информираше дека проектот – Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и санација на основни и средни училишта – се спроведува во рамките на Министерството за образование и наука.

„Неговата цел е да обезбеди подобри услови за учење, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците. Изградбата на училишни спортски сали е дел од програмата на Владата и воедно е еден од проектите за кои започнува постапката за нивна имплементација. За таа цел, Владата ја разгледа и одобри информацијата за обезбедување буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во средните училишта и реконструкција на училиштата и даде согласност за преземање обврски за чија исплата е користење на буџетски средства во годините 2026, 2027, 2028 и 2029 година за заеми за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училиштата“, се наведува во соопштението.