Koлку пати сте слушнале дека треба да го намалите внесот на сол? Но, дали знаевте дека премалку сол може да биде исто толку, ако не и поопасно од премногу? Др. Саураб Сети, гастроентеролог со диплома од Универзитетот Харвард, стана вирален на TikTok откако објасни зошто внесот на сол е клучен за здравјето. Додека многу луѓе се плашат да консумираат премногу сол, Др. Сети предупредува дека премалиот внес може да има сериозни последици.
Во едно од неговите видеа, Др. Сети објаснува што би се случило ако престанеме да консумираме сол само две недели.
„Солта е клучен електролит кој му помага на нашето тело да ја задржува водата. Без неа телото брзо би дехидрирало, а волуменот на крвта значително би се намалил, што би довело до пад на крвниот притисок“, вели доктор од Калифорнија.
Покрај тоа, тој нагласува дека потребата од солена храна би станала речиси неподнослива. Но, тоа не е единствениот проблем.
„Вашите мускули би ослабеле, би можеле да почувствувате вртоглавица, па дури и несвестица“, предупреди тој. „Недоволното внесување сол може да го наруши и здравјето на цревата со тоа што го отежнува варењето и го ослабува црниот дроб, намалувајќи ја апсорпцијата на основните хранливи материи.
Колку сол всушност ни е потребна?
И додека повеќето луѓе внимаваат да не консумираат премногу сол, др. Сети тврди дека е многу поопасно да се внесува премалку.
„За повеќето луѓе, важно е да консумираат околу една лажичка морска сол дневно“, рече тој. Секако, пред да направите какви било промени во исхраната, тој препорачува да се консултирате со лекар.
И премногу вода е опасно
Ова не е првпат др. Сети предупредува на здравствените ризици поврзани со внесот на есенцијални супстанции. Во едно од неговите претходни видеа, тој зборуваше за опасностите од прекумерното внесување вода.
Според него, пиењето премногу вода може да доведе до сериозна состојба позната како интоксикација со вода или хипонатремија.
“Ова се случува кога телото губи премногу електролити, особено натриум. Доколку интензивно вежбате и ја губите солта преку потта, а во исто време пиете голема количина вода, ризикувате сериозни последици”, објаснува др. Сети.
Кога тоа ќе се случи, водата ги разредува електролитите во телото, што може да доведе до уште поголема дехидрација и потенцијално опасни компликации.