Премиера на документарец за манекенката без нога која го чинеше Пол Макартни 50 милиони фунти

Хедер Милс ги полнеше насловните страници на шоу-биз медиумите изминатите децении – од губењето на потколеницата за време на манекенските денови, па до бракот и бурниот развод со Пол Макартни.
Нејзината животна приказна е раскажана во новиот документарен филм на британската телевизија Канал 5 насловен „Сослушувањата на Хедер Милс“, кој премиерано беше прикажан во четвртокот и кој говори за тешкото детство на Хедер и бурниот брак со Макартни.
Сега, 15 години по разводот од најбогатиот пејач на „Битлси“, британскиот таблоид „Мирор“, се навраќа на тоа како контроверзната ѕвезда стана толку омразена од јавноста.
Хедер и Пол ги запознал Пирс Морган во мај 1999 година на доделувањето на наградите „Гордоста на Британија“ во Лондон. Тие се венчаа во 2002 година и заедно имаат ќерка по име Беатрис, но познат е и фактот дека другата ќерка на Пол, Стела, не можеше да ја смисли Хедер.

-,Секоја недела Стела се обидуваше да ни го растури бракот. Беше толку љубоморна. Не ја интересираше среќата на татко и’. Не можам повеќе да ce штитам. Таа правеше некои лоши, лоши работи”, изјави Милс за „Тингс“.


Неколку години подоцна, Пирс Морган призна дека Стела сè уште му е лута затоа што го запонзала татко и’ со Хедер.

Секогаш кога ќе ја видам Стела, таа ме боцка во ребрата и ми вели: „Тато е навистина благодарен што го чинеше 50 милиони фунти… благодарам за тоа!“. -,,Сигурен сум дека и Стела е „воодушевена“, бидејќи тоа е и нејзино наследство”, изјави Морган.
По серија жестоки расправии, двојката се разведе во 2009 година. Следеше бурен развод, при што Макартни поднесе барање за несовесно однесување. Двојката потоа се соочи на Суд, бидејќи Хедер бараше 125 милиони фунти од музичката легенда. Таа го обвини Пол дека бил постојано пијан и дека пуши канабис, а исто така тврдеше и дека физички ја малтретирал.
Во својата конечна пресуда, судијата Џастис Бенет изјави дека нејзиното сведочење го смета „не само за неконзистентно и неточно, туку и помалку од искрено“.

Судот пресуди во корист на Макартни, доделувајќи ѝ на Хедер „само“ 24,3 милиони фунти плус 35.000 фунти месечна алиментација за ќерката. Музичарот инсистираше пресудата да биде објавена во целост и покрај обидите на Хедер да го спречи тоа. Како одговор, таа истури чаша вода над главата на адвокатката на Сер Пол Макартни, Фиона Шеклтон.
По бурниот развод, поранешната ѕвезда на Битлси својот брак со Хедер го опиша како една од најголемите грешки во неговиот живот.
Хедер, пак, која тогаш вети дека никогаш повеќе нема да застане пред олтар, се премажи во 2021 година за бизнисменот Мајк Дикман, кој тогаш имаше 36 години. Тие се сретнале во воз и Хедер му испрати флертувачка порака: „Мислам дека си згоден. Испрати ми и-мејл“.
Во јавноста се појавија во 2019 година, а две години подоцна, се верија во одморалиштето Анантара.
Патем, по разделбата од Макартни, поранешната манекенка започна нов бизнис во индустријата за веганска храна, отворајќи две фабрики, а го презеде и брендот „Вокерс“.

Сите се смееја на веганството пред 25 години, велејќи дека сме луди, изјави таа потоа.
Хедер отсекогаш беше поддржувач на хуманитрани организации на кои им донираше милиони, вклучувајќи го и нејзиниот хонорар од шоуто „Танц со ѕвездите“ во 2007 година. Тогаш таа стана првата личност со ампутирана нога во светот што учествувала во ова шоу, а потоа се настапи и во „Танц на мраз“ во 2010 година. Потоа се учествуваше во шоуто „Скок“ на Канал 4 и постави светски рекорд во скијање како најбрза инвалидизирана жена во светот, со брзина од 103,6 километри на час. Таа исто така освои четири златни медали со Британскиот параолимписки скијачки тим во Аспен и сребрен медал во Нов Зеланд.
Минатата година, 55-годишната Хедер во интервју за „Аргус Подкаст“ отворено зборуваше за своите ставови за парите, велејќи дека како возрасна немала финансиски проблеми. Хедер објасни дека не се чувствувала „поврзана“ со парите, додека не ги искористила како движечка сила за позитивни промени.

-,,Мајка ми замина кога имав девет години, а татко ми отиде во затвор кога имав 13 години. Морав да основам семејство. Ја ценев вредноста на парите. Но, исто така разбирам како парите може да направат разлика. Па, зошто да ги однесеш во гроб кога со тебе, кога може да се направи нешто. Никогаш не ги разбирав луѓето кои беа опседнати со пари, никогаш не се врзував за нив на тој начин. И секогаш успевав да заработам пари и да направам нешто добро со нив”, изјави Хедер.