Словачкиот премиер Роберт Фицо се наоѓа во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран откако беше ранет во пукање по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека неговата состојба е критична.
Операцијата на словачкиот премиер Роберт Фиц траела околу 3 часа и 40 минути, објави словачката ТВ Таз, повикувајќи се на извори.
Премиерот Фицо е ставен во индуцирана кома, каде ќе биде во следните 24 часа. Според телевизијата неговата состојба е критична, изгубил многу крв.
Според изданието, најважните артерии на словачкиот премиер не биле оштетени.
Да потсетиме, премиерот Роберт Фицо вчера беше застрелан пред зградата на владата во градот Хандлова. Атентаторот испукал четири куршуми од пиштолот, а обезбедувањето потоа го внело премиерот во автомобил и го пренело во болница, од каде потоа со хеликоптер бил префрлен во регионалната болница во Банска Бистрица, бидејќи транспортот за Братислава бил премногу ризично.
BREAKING:
— Visegrád 24 (@visegrad24) May 15, 2024
Slovak PM Robert Fico taken to his car after being shot several times.
He was later picked up by an ambulance helicopter and flown to a hospital.
His current condition is unknown
🇸🇰 pic.twitter.com/bKoJfwgqgz