Словачкиот премиер Роберт Фицо е пуштен во четвртокот од болницата во централниот град Банска Бистрица, каде се опоравуваше од обидот за атентат, и бил префрлен во неговиот стан во Братислава, објавија словачките медиуми.
Болницата и владината канцеларија не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Од болницата претходно соопштија дека на Фицо му биле извршени дополнителни прегледи кои го потврдиле позитивниот развој на неговата здравствена состојба и дека почнал со рехабилитација.
Напаѓач го погоди Фицо со четири истрели од непосредна близина додека премиерот ги поздравуваше приврзаниците на состанокот на владата во градот Хандлови во централна Словачка на 15 мај.
Фицо (59) бил застрелан во стомакот и во тешка состојба бил пренесен во болницата во Банска Бистрица. Веднаш беше опериран, а два дена подоцна уште една.
Напаѓачот, идентификуван како 71-годишниот Јурај Ц., бил приведен на лице место и обвинет за обид за убиство со умисла, пренесува Ројтерс.