Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида, во вторникот ја повика Северна Кореја да го откаже планираното лансирање на сателит, велејќи дека Јапонија подготвува систем за противракетна одбрана.
„Лансирањето би било крајно несреќно“, им порача Фумио Кишида на новинарите.
Јапонските медиуми објавија дека Северна Кореја најавила лансирање на сателит во орбитата меѓу 24. и 31. август, за кој се верува дека е шпионски сателит.
Северна Кореја веќе се обиде да лансира воен извидувачки сателит во мај, но не успеа поради дефект на ракетата која падна во Жолтото Море.