Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека единствен начин како може да се намали емисијата на штетни честички е од ноември до март да се смени системот на затоплување домови. Тој рече дека се работи на тоа, но, дека е потребно време.
– За загадувањето на воздухот на цела територија на Македонија, јас сум зборувал многупати во минатото. Како инженер можам да дадам одговор, единствен начин како може да ја намалиме емисијата на штетни честички е, во периодот од ноември до март, да го смениме системот на затоплување на домовите, оОдносно, помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затоплување, одговори премиерот на новинарско прашање.
За да се случи тоа, според премиерот, потребна е изградба на гасни централи.
– Ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од петнаесетте инвеститори е таков, заинтересиран да изгради такви гасни централи. Но, за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за сето тоа да профункционира. За да се изградат топловоди можеби повеќе, можеби пет и шест години, рече Мицкоски.