Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана, објави дека израелските одбранбени сили преминуваат на „целосен напад“ на Појасот Газа, пишува Times of Israel.
Тој го изјави ова откако вчера продолжија жестоките судири со терористите на Хамас на југот на Израел, четврти ден од почетокот на нападите на палестинската екстремистичка организација.
„Ги отстранив сите ограничувања, ја вративме контролата врз таа област и преминуваме на целосен напад“, вели Јоав Галант во обраќањето до војниците долж границата со Појасот Газа.
Јоав Галант им порача на војниците дека – „ќе имаат можност овде да ја сменат реалноста“.
„Ја видовте цената што треба да се плати и ќе ја видите промената. Хамас сакаше промена во Појасот Газа, таа ќе се промени за 180 степени во однос на тоа што мислеше“, посочи израелскиот министер за одбрана.
Јоав Галант предупреди дека Хамас ќе зажали за овој момент и дека Појасот Газа никогаш нема да се врати на она што е.
„Кој и да дојде да обезглави, да убие жени, преживеани од холокаустот, ќе го елиминираме со сите сили и без компромис“, заклучи тој.