Препознајте ги тивките знаци на висок холестерол во вашето тело: Обрнете внимание на овие симптоми

Високиот холестерол обично не предизвикува никакви симптоми, поради што често се нарекува „тивок убиец“. Иако на почетокот не предизвикува проблеми, долгорочно може да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми.Иако високиот холестерол може да се открие само со тестови на крвта, постојат некои скриени знаци кои може да ги забележите на одредени делови од телото.

На лицето може да се појават два вида знаци на висок холестерол. Првите се ксантелазма, жолти наслаги кои се формираат во внатрешниот дел на окото. Покрај тоа што е индикација за покачен холестерол, ксантелазмата е поврзана и со други здравствени состојби како што се дијабетес, хипертензија, дебелина и ефектите од пушењето. Друг знак може да биде бел прстен околу рожницата на окото, што исто така може да укаже на покачени маснотии во крвта.

Рацете може да бидат погодени од ксантелазма, која на овој дел од телото обично се манифестира како грутки на зглобовите. Овие нодули можат да бидат мазни и со боја на кожа, што ги прави речиси невидливи на прв поглед.

Зголемениот холестерол може да предизвика и болест на периферните артерии, состојба која се карактеризира со болки во нозете, опаѓање на косата на нозете, вкочанетост или слабост, чиреви кои не заздравуваат, промена на бојата на кожата и губење на мускулната маса на нозете.

Доколку забележите некој од овие симптоми, се препорачува веднаш да се јавите кај вашиот лекар. За да се намали покачениот холестерол, се препорачува промена на животниот стил, како што се намалување на внесот на мрсна храна, јадење поздрава храна, редовна физичка активност, откажување од пушење и намалување на консумацијата на алкохол.