Преполн стадион играчки како солидарност со децата погодени од земјотресот

По големите земјотреси во Туркије, во Истанбул започна возбудлива кампања со која се бара од навивачите да донесат полнети играчки на домашниот терен на Бешикташ, Водафон Парк.

Навивачите на истанбулскиот клуб Бешикташ фрлија на теренот илјадници играчки во знак на солидарност со децата погодени од разорните земјотреси во Туркије.

Неделниот натпревар Бешикташ против Анталијаспор на стадионот „Водафон парк“ во Истанбул беше прекинат на 4 минути и 17 секунди по стартот во спомен на земјотресот кој се случи во 4.17 часот по локално време.

По разорните земјотреси во Туркије, во Истанбул започна возбудлива кампања со која се бара од навивачите да донесат полнети играчки во домашниот терен на Бешикташ, „Водафон Парк“.

Играчките ќе бидат донирани за децата во регионите погодени од земјотресот.

На семафорот на стадионот блеснаа шифрите на регистарските таблички на 11-те турски провинции погодени од земјотресите.

Фудбалерите на двата клуба, вклучително и оние на клупите за резерва, доброволно се пријавија да ги извадат играчките од теренот.

Разорни земјотреси

Најмалку 44.374 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што го погодија југот на Туркије на 6 февруари, соопшти националната агенција за управување со катастрофи (АФАД).

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени беа со епицентар во Кахраманмараш и погодија 11 провинции меѓу кои и Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 13 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.

TRTBALKAN