Драмата околу случајот со девојчето кое мистериозно падна од крузерот „Дизни“ не се смирува веќе неколку дена . Откако петгодишното девојче падна во водата, нејзиниот татко скокна да ја спаси.
Детето паднало од четвртата палуба на крузерот „Дизни дрим“, кој пловел од Бахамите кон Форт Лодердејл.
Неколку стотици патници гледале како екипажот на бродот ги спасува од водата. За време на спасувачката операција, таткото ја држел ќерка си на површината на водата до 20 минути. На крајот, сè завршило среќно и двајцата биле извлечени на безбедно.
Бидејќи никој не го видел моментот кога девојчето паднало во морето, почнале да кружат теории за тоа како се случило тоа.
Еден патник од бродот рекол дека тој ден стигнал до работ на четвртата палуба штом слушнал дека таткото и ќерката паднале во водата.
„ Неколку моменти пред тоа, слушнав од двајца луѓе дека таткото ја кренал ќерка си на оградата и дека таа паднала после тоа. Таткото веднаш скокнал во морето по неа. Луѓето почнале да врескаат дека детето е во водата и дека таткото скокнал по неа “, изјавил туристот за „Дејли меил“.
Тој додаде дека се исплашил кога видел како турбулентната вода исфрла сè што е во неа преку страна.
„Не можев да ги видам во водата, се плашев дека ќе умрат“, рече тој.
Тој рече дека екипажот му кажал дека областа е многу ветровита и дека дури и ненадеен силен налет на ветер може да собори дете.
Неколку патници рекле дека мајката на девојчето панично врескала од бродот цело време додека траела спасувачката операција.
NEW: Father jumps overboard to save his 5-year-old daughter, who fell off a Disney cruise ship from the 4th deck into the ocean.
— Collin Rugg (@CollinRugg) June 30, 2025
The ship was heading back to South Florida when the intense rescue was made.
“The ship was moving quickly, so quickly, it’s crazy how quickly the… pic.twitter.com/PTGmAzZJ7O
„Таа извика дека нејзината ќерка има пет години и не знае да плива. После тоа, екипажот ја внесе внатре“, рече друг патник од бродот.
По овие обвинувања, луѓето на социјалните мрежи го претворија таткото од херој во виновник.
За време на спасувачката операција, патниците од палубата на бродот постојано навивале за екипажот на бродот да го извлечат човекот и неговото дете од водата.
Кога таткото и ќерката беа спасени, сите беа воодушевени.
„Таткото ја држеше ќерка си во раце. Човекот беше исцрпен и очаен. Гласот му трепереше, можеше да се види дека беше многу потресен“, рече еден патник.
Докторот на бродот ги прегледал и било утврдено дека ниту таткото ниту девојчето немаат никакви здравствени проблеми иако поминале некое време на отворено море.
Полицијата претходно објави дека станува збор за несреќа и дека нема елементи на кривично дело.
Официјалните информации за тоа како се случила трагедијата не се познати.