Финалниот меч во холандскиот кошаркарски шампионат беше за паметење
Лајден стана шампион на Холандија откако го совлада Донар од Гронинген со 82:81 по чудесен пресврт во петтиот меч од финалната серија.
Имавме шанса да гледаме неверојатни пресврти на кошаркарски натпревари низ Европа оваа сезона, но вакво нешто досега не е видено. На две минути и 20 секунди Гронинген имаше 16 поени предност (77:61) и се чинеше дека прашањето за победникот е решено, но потоа следеше нереален пресврт на Лајден.
Тешко е да се опише што се случи на теренот во тие 140 секунди. Гронинген губеше топки, промашуваше слободни фрлања, а упорниот Лајден фрлаше сè живо.
Победата и титулата на крајот стигнаа од линијата за слободни фрлања, по фаулот досуден во последната секунда од натпреварот.
Погледнете го ова лудило од финалето: