Пред две недели се случи несреќа во Грција кога Михалис Кацурис, навивач на АЕК, беше избоден до смрт во тепачка меѓу домашните и хулиганите на Динамо Загреб.
Процесот е во тек, а последните информации велат дека е ослободен човекот за кој се претпоставуваше дека е главен осомничен.
Во еден момент грчките портали објавија дека убиецот не бил Хрват, туку навивач на Панатинаикос – клуб кој има братски односи со Динамо.
Меѓутоа, сега сè е сменето и судењето утврдило дека Гркот тој кобен ден не бил ни во Атина и бил ослободен.
– Осомничениот тој понеделник бил во Кефалонија, а не во главниот град и затоа беше ослободен од обвиненијата. Во исто време, истражителот и обвинителот не се договорија дали на споменатиот навивач треба да му се ограничи движењето, бидејќи едниот смета дека нема потреба од тоа кога е утврдена невиност, додека другиот има различно мислење – се наведува.
Случајот сè уште не е расветлен и се зголемува притисокот од јавноста за пронаоѓање на убиецот, па во овој случај се вклучија надлежните органи и врвот на двете земји, Грција и Хрватска.
Да потсетиме, навивачот на АЕК од Атина, Михалис Кацурис (29) беше убиен во понеделникот, на 8 август, за време на грозоморните судири на улиците на главниот град на Грција, кога се случи тепачка меѓу хулиганите од Динамо Загреб и AEK.