,,Аваз” открива дека маж бил застрелан од член на нарко-банда во пресметка на улиците на источно Сараево. Според неофицијални информации, напаѓачот е тешко ранет, а со него во автомобилот бил уште еден член на нарко бандата.
М.М. и претходно и’ бил познат на босанската полиција.
Тој и’ претходно бил осуден за организиран криминал и кражба на автомобили. Во 2021 година, Министерството за внатрешни работи на РС изврши претрес на 15 локации и пронајде седум возила за кои постои сомневање дека се украдени на територијата на БиХ и земјите од Европската унија.
Цел на автомобилската мафија биле претежно јапонски и француски возила.
Управата за организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи на РС поднесе пријава до Обвинителството против 17 лица осомничени дека освен во БиХ, од 2020 до 2022 година шверцувале кокаин на меѓународниот пазар, вклучително и на територијата на Србија и Хрватска, а на списокот се најде и М.М.