Претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, предизвика нов дипломатски скандал по контроверзната заклетва!
Силјановка Давкова на својата сметка на социјалната мрежа Х изјави дека се сретнала со претставници на Здружението на деца бегалци од Егејска Македонија и дека со нив разговарала за одбележувањето на 75-годишнината од прогонот.
– Судбината и трагедијата на 30.000 деца бегалци и нивната голгота не смее да се кријат и релативизираат – рече Силјановска Давкова и додаде дека почитта и познавањето на минатото даваат простор за пријателска иднина кон која се стремиме за доброто на сите на Балканот и во Европа.
Грчкиот портал „Прототема“ потсетува дека Силјановска Давкова сè уште го прекршува Договорот од Преспа затоа што на нејзиниот профил сè уште пишува дека таа е претседател на Македонија наместо на Северна Македонија и нагласува дека здружението шири лажни тврдења дека Грција ја окупирала нејзината територија по Вторaта светска војна.
– Во изминатите години нивната активност беше маргинализирана, но сега, како што покажува интервенцијата на Силјановска, тие повторно се мобилизираат за зајакнување на наративот за постоењето на „македонското“ малцинство во Грција, но и за насилната промена на идентитетот на „Егејска Македонија“, која на тој начин се проектира како дел од пошироката Македонија која се поистоветува со денешната држава Република Северна Македонија – наведува Прототема.
Силјановска Давкова, која има 71 година, да потсетиме, неодамна предизвика дипломатски скандал за време на полагањето заклетва на посебна седница на Собрања кога државата ја нарече „Македонија“ и покрај тоа што во текстот земјата беше наречена „Северна Македонија“.
На видеото јасно се слуша како претседателката на парламентот го чита текстот на заклетвата и јасно кажува „Северна Македонија“ како го повикува новиот претседател да ја повтори, но Силјановска не обрнува внимание.