Убиецот сè уште не е уапсен.
Американската полиција соопшти дека успеала да идентификува жена која била претепана со чекан, задавена и запалена во 1991 година. Тие тврдат дека жртва на убиството е 30-годишната Кристин Белуско од градот Клифтон во државата Њу Џерси.
Окружниот обвинител на Стејтен Ајленд, Мајкл МекМахон, потврди дека неговата канцеларија, во соработка со полицискиот оддел на Њујорк и Федералното биро за истраги (ФБИ), користела современи форензички техники за да ја идентификува Белуско.
Сепак, полицијата се уште не успеала да ја пронајде нејзината ќерка Криста Никола, која во моментот на смртта на нејзината мајка имала две години.
– Веќе го известивме семејството за нејзината смрт и продолжуваме да вложуваме максимални напори да ја лоцираме Криста Никол и да ја информираме која е нејзината мајка и што е направено за да се донесе правдата – рече Мекмахон.
Полицијата не го фати убиецот
-Никогаш не можеме да ја вратиме, но сакаме Криста Ниол да знае, како и нејзиното семејство, дека таа никогаш не е заборавена – продолжи тој.
На 20 септември 1991 година, изгореното тело на жртвата беше пронајдено од случаен минувач во Стејтен Ајленд, со лисици . Полицијата имала многу малку информации за тоа која е жртвата освен карактеристична тетоважа со скорпија на нејзиниот задник, пишува Sky News.
Белуско била удирана 17 пати по задниот дел од главата со чекан, кој бил пронајден под нејзиното тело и на него пишувало името „Лојд Л“. На местото на злосторството биле пронајдени и два златни синџири, рачен часовник, пари и кутија цигари. Сепак, полицијата се уште не успеала да го фати убиецот.