ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП – Приведен 40-годишник кај кој била пронајдена марихуана 

Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп денеска го лишиле од слобода А.Ф. (40 г.) од Прилеп.

При претрес во домот и помошни простории кои ги користи, извршен со судска наредба, информираа од МВР, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МакедонијаМВРПрилеп