Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров денеска го лишиле од слобода Р.М.(43) од скопско.
-При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во општина Сарај, биле пронајдени автоматска пушка и пет куршуми. Лицето е приведено во Полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението од МВР.