ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА НА „ГАЛИЧКА СВАДБА 2024“

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска учествуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, која традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

Како што соопшти претседателскиот кабинет, Силјановска Давкова изразила задоволство од континуитетот со кој доследно се промовираат вековните традиции, култура и уметност. Галичката свадба како значаен туристички настан придонесува за ревитализација на Галичкиот регион и негова популаризација, привлекувајќи голем број посетители од земјата и странство.

Со поставувањето на свадбеното знаме и симболичниот чин на „пукање“ на пушката од куќата на младоженецот вчера официјално започна „Галичката свадба“