Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пречека претседателката на Република Индија, Драупади Мурма, која е во официјална посета на Србија.
Претседателката на Индија е во посета на Србија до 9 јуни, соопшти прес-службата на претседателот. Србија е втората земја што Мурму ја посети откако беше избрана за претседател на Индија.
Драупади Мурму е втората жена претседател на Индија, но првата личност со племенско потекло што ја извршува оваа функција. Во политиката влезе откако со години беше учителка, а нејзиниот личен живот го одбележаа бројни трагедии.
„Драупади Мурму е доказ дека жените можат се“, беше еден од главните наслови во индиските медиуми откако таа беше избрана за претседател. А на таа позиција е нешто помалку од една година. Во јули минатата година таа положи заклетва како 15-ти претседател на Индија.