Претседателот на ДУИ го честита 24 мај – Денот на Св. Кирил и Методиј

Претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети со објавата на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Меѓу другото, Ахмети истакна:

Секој народ ги постави темелите на својот мајчин пишан јазик со неуморната работа на многу мисионери кои го запечатија неговото вечно постоење.

Универзалниот јазик на народите е знаењето, единствениот пат кон напредокот, затоа на сите мои сограѓани од македонската заедница им го честитам 24 мај – денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Секој ден да размислуваме за пожртвуваноста на сите образовни мисионери и да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности.