„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије“.
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изрази сочувство по разорниот земјотрес што ја погоди Туркије, пренесува Анадолу.
„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије“, напиша Пендаровски на Твитер.
Тој на повредените им посака брзо закрепнување.
Разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ги погоди јужните региони на Република Туркије.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот на Пазарџик Кахраманмараш, по што уследија 42 последователни потреси на тлото, од кои најсилниот беше со јачина од 6,6 степени според Рихтер.
Земјотресот е почувствуван во многу градови на југот на Туркије, особено во областите Кахраманмараш, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.
Потпретседателот на Туркије, Фуат Октај, соопшти дека во земјотресот во подрачјата на 10 градови загинале 284 лица, а 2.323 се повредени.