Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Илиндeн – Ден на Република Македонија што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, ќе го прими во работна посета претседателот Стевo Пендаровски.
Александар Вучиќ и Стево Пендаровски најпрво во 12 часот и 10 минути ќе го посетат манастирот Свети Прохор Пчињски.
Заедничката средба на двајцата претседатели ќе започне во 12:30 часот, по што ќе следи нивното обраќање.