– Компанијата „Валве“ на својот Твитер-профил го претстави „Каунтер-страјк 2“, објавувајќи дека почнува ограничен тест, т.е. пробно играње. Новата видеоигра носи „промени во секој систем, секоја содржина и секој дел од К.С. искуството“, како што вели известувањето на официјалната страница.Се наведува и дека „Каунтер-страјк 2“ претставува „најголем технички скок напред во историјата на игрите“ и ветува надградби и нови функции. Играта ќе биде достапна на пазарот летово оваа, 2023 година, и тоа целосно бесплатно.
Играта ќе има и нови мапи, подобри визуелни слики, подобрен кориснички интерфејс, подобар звук и многу повеќе. Засега, играњето на новата игра ќе биде ограничено на „Даст II” мапата во режимите „Детмеч“ и „Анренкд конкурент мечмејкинг“, а наредниот период ќе бидат вклучени и други режими, како и нови мапи.
Исто така, тестирањето во мигов е достапно само за „Виндоус“.