Претставник на Стејт департментот вели дека Путин не сака мир во Украина додека не ги знае резултатите од изборите во САД

Рускиот претседател Владимир Путин не сака мир во Украина пред да ги знае резултатите од претседателските избори во САД во ноември 2024 година.

Ројтерс пренесува дека ова го рекол неименуван висок функционер на Стејт департментот, во моментот на загриженост во Вашингтон дека евентуалната победа на поранешниот претседател Доналд Трамп може да ја поткопа поддршката на Западот за Киев, пренесува Телеграф.

Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и моментално е фаворит за републиканската претседателска номинација, се вели дека е жесток критичар на американската помош за Украина.

На прес-конференција по состанокот на дипломатите на НАТО во Брисел, американски функционер рече дека НАТО ја потврдил својата поддршка за Украина знаејќи дека веројатно нема да се постигне мировен договор следната година.

„Моите очекувања се дека Путин нема да склучи мир или разумен мир пред да ги види резултатите од нашите избори“, рече претставник на Стејт департментот, кој инсистираше на анонимност.

Истражувањето на јавното мислење спроведено во САД во средината на ноември од страна на Ројтерс/Ипсос покажа тесна изборна трка меѓу Трамп и актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Според оваа анкета Трамп има поддршка од 51 отсто, а Бајден 49 отсто.