Претставници на Алијанса за Албанците на средби со жителите на Туин

Членовите и симпатизерите на Алијанса за Албанците во селото Туин Кичевско со топол пречек за претседателот, Арбен Таравари, организациониот секретар, Исен Шабани, министерот за информатичко општество, Азир Алиу, заменик-министерката, Вјолце Бериша и пратеникот, Сурија Рашиди.

Во текот на оваа заедничка средба и разговор, раководителите на партијата и владините функционери од АА ги произнесоа заложбите и визиите за новите одговорности во извршната и законодавната власт.

“ Како во опозиција така и во Влада ние ќе бидеме вашиот глас, а сега и со посветено работење со цел да ги исполниме вашите потреби и нашите заложби. Имаме верба дека делегираните кадри од АА во Влада ќе го докажатат владеењето поинаку и со нивната работа ќе не направат сите да се гордееме. Туин беше село на отпорот, промените и едно од местата каде што Алијанса за Албанците победи дури и на првите парламентарни избори во 2016 година, затоа и овие средби ги почнуваме токму од ова место“, изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

На оваа средба, претставниците на АА ги сослушаа и мислењата, предлозите и сугестиите на граѓаните кои што изразија доверба и целосна поддршка за програмата и за кадрите избрани од страна на АА кои што ќе раководат со институциите на централната власт.