Двајца кумановци во текот на вчерашниот ден биле приведени поради кражба извршена на 23 јуни, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници од СВР – Куманово ги лишиле од слобода В.М., на возраст од 40 години и М.Д.,43-годишно лице, поради тоа што на 23 јуни извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“, при што одзеле повеќе предмети, појаснуваат оттаму.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава