Приведени крадци во Крива Паланка – одзеле дрва и други предмети

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка синоќа ги лишиле од слобода С.Н.(27) и малолетник.

Како што соопшти МВР, лицата се сомничат дека од приватен имот во село Мартиница, Кривопаланечко одзеле дрва и други предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Крива ПаланкаМакедонијаМВР