Криминалистичката полиција при СВР Битола вчера ги лишила од слобода Д.О.(37) и А.А.(35) од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола.
-Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно документирање на случаите против осомничените ќе следува соодветна пријава.