Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 11.50 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, го лишиле од слобода Л.Т. (23 г.) од Требош, Тетовско.
Како што соопшти МВР, приведениот се сомничи дека сторил кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени лаптоп компјутер, кој се користел за менаџирање на клиентите и надополнување кредити, како и извесна сума парични средства. Се расчистува и документира случајот и на Л.Т. ќе му биде изготвен поднесок“, наведуваат од МВР.