– Криминалистичката полиција на СВР Битола денеска на ул.„Партизанска“ во Битола го привела Б.С.(36) од Битола.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување казна затвор од две години и пет месеци.
-Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола, информира МВР.