Приведен е затворски полицаец! МВР: Се обидел да прошверцува дрога во затворот Идризово

Македонското Министерство за внатрешни работи соопштува дека вчера (15.07.2025) во Полициската станица Гази Баба, од Казнено-поправниот дом „Идризово“, било пријавено дека при претрес на Х.А. (42) од Скопјe, вработен како полицаец во Затворската полиција, биле пронајдени два пакета и се сомнева дека тој ,,шверцувал” дрога.

„На местото на настанот пристигнале полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога при Полициската станица во Скопско, при што е потврдено дека пакетите содржат билни супстанции и бела прашкаста материја.“

„Х.А. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица, а во координација со јавниот обвинител против него ќе бидат поднесени соодветни обвиненија“, велат од Министерството за внатрешни работи.