Велешката полиција вчера околу 14:45 часот го лишила од слобода М.З.(30) од Велес кој се сомничи дека околу 10.00 часот во една од просториите во зградата на Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ на ул.„Лазо Осмаков“ во Велес одзел пари од чанта на една вработена.
Како што соопшти денеска МВР, М.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.