Приведен крадец од Битола баран со потерница за затворска казна од две години

Полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола, денеска на улица „Стерјо Ѓоргиев“ во Битола, по потерница од Основен суд Битола, го привеле битолчанецот З.Д.(35).

 Како што соопшти МВР, тој бил баран со потерница за издржување казна затвор за сторени кривични дела кражби и тешки кражби во  времетраење од две години, по што е спроведен во казнено поправна установа – Затвор Прилеп за издржување на казната.