Приведен крадец од Гостиварско, расчистени две тешки кражби

На улица „Душко Поповиќ“ во Гостивар синоќа околу 21.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода З.С.(47) од гостиварско Чегране.

Од МВР информриаа дека тој се сомничи дека извршил две тешки кражби во куќи во населбата Дутлок, при што одзел повеќе предмети.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.