Приведен разбојник од Струмица, украденото вратено на сопственикот

Полицијата привела разбојник само еден час по извршената кражба, кога синоќа со закана одзел пари од тобако продавница во Струмица од дневниот промет од вработена.

Според информацијата од СВР Струмица, Т.М. (44) од Струмица бил уапсен во 02:50 часот и кај него биле пронајдени парите, како и предмети поврзани со кривичното дело.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, и вчера полицијата пронајде крадец кој украл 663 кутии цигари од маркет во Струмица, а завчера беше откриен крадец кој на 11 овој месец украл два компјутери од фирма во Струмица.