– Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје при претрес во дом кај лицето М.Н. (24) во Скопје, пронашле полиетиленска кеса со околу 400 грама марихуана и полиетиленски кеси со околу 400 грама амфетамин, како и поголема количина пари.
Министерството за внатрешни р аботи соопшти дека лицето е лишено од слобода и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.