Приведен скопјанец кој денес физички нападнал снимател на ТВ Алсат во Стара скопска чаршија

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Е. (53 г.) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39 г.) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека денеска заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.  

Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МакедонијаМВРнасилствоСкопје