Поради сообраќајна незгода од 19:00 часот има привремен прекин на сообраќајот на планинскиот премин Барбадос од Прилеп кон Македонски Брод, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Г.П. Табановце, Г.П. Пелинце и Г.П. Богородица времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.