– Шефот на паравоената група „Вагнер“ денес изјави дека е убиен американски државјанин кој се борел во украинскиот град Бахмут, моменталното жариште на војната во Украина.
На снимката што ја сподели рускиот воен дописник Александар Симонов на Телеграм, Евгениј Пригожин е прикажан како испитува тело и документи за идентификација за кои тврди дека се американски.
„Овде го имаме ветеранот Николас, ќе го предадеме на Соединетите Американски Држави, ќе го ставиме во ковчег, ќе го покриеме со американското знаме со почит, бидејќи тој не почина во кревет како дедо, туку загина во војна и, најверојатно, достоинствено“, рече Пригожин.
Американските власти сè уште не ги коментирале овие тврдења.