Белата куќа вечерва соопшти дека Израел и Хамас не се блиску до постигнување нов договор за хуманитарно примирје, по обновувањето на конфликтот минатиот петок, пренесува медиумската агенција Reuters.
Израел и Хамас со посредство на одредени земји, пред се Катар, постигнаа договор за прекин на огнот кој стапи на сила пред 13 дена и траеше седум дена.
Во текот на седум дена, заложниците земени од Хамас беа ослободени, додека палестинските затвореници беа ослободени од Израел.
Но, не беа ослободени сите заложници, па Израел најави дека ќе го нападне Хамас со уште поголема жестокост, додека не бидат ослободени сите заложници и додека, како што рекоа, Хамас не биде уништен.
Израелските служби проценуваат дека Хамас држи уште 138 заложници, од 240-те киднапирани за време на нападот на Хамас врз јужен Израел на 7. октомври.