На 24 јуни 2024 година (понеделник), во 10:00 часот, во Владата на Република Северна Македонија е предвидено примопредавање на премиерската функција помеѓу досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, и новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. По пристигањето, актуелниот и новоизбраниот премиер ќе имаат кратка средба.
Фоторепортерите и снимателите ќе имаат можност за инсерти од платото на Владата, како и од средбата, за што, претставниците на медиумите е потребно да се пристигнати најдоцна до 09:00 часот, во Медија центарот на Владата.